Историјат на расата
Не е случајно што популарноста на боксерот ја зафаќа целата планета.
Аеродинамична и силната силуета има уметничка пластичност на еден кип.Неговата глава е кинетичко достигнување, неговиот поглед прав и директен како на никој друг, ни давват претстава за неговата харизматичност,заштитничка сила, верност, веселост, неподмитување.Тоа е хармонијата меѓу физичките и психичките карактеристики кои му овозможуваат да биде омилен и успешен во улогата на човеков пријател и пратител. Брз, истовремено издржлив, компактен, но истовремено елегантен, желен за работа и со јак инстинкт на чувар, секогаш самоуверен, со голема претпазливост според ситуацијата. Сето ова ги гарантира предвидените реакции, без паника и агресивност. Тимот од германски одгледувачи кои имале визија за совршен работен пес, го остварил својот сон на 26.02.1895год. со раѓањето на Флоцки, прв боксер во историјата, кој добил место бр.1 во Германската книга за раси.
Татко на Флоцки бил Том, бел англиски булдог, а мајка му била Алт’с Сцхецкен, бела кучка со тигрести шари. Во 1887год. г-дин.Алт од Француската флора донел тиграсто бела кучка од непознато потекло, која се парела со еден пес од околината на Минхен. Едно од кученцата купил г-дин.Лехнер, по потекло од областа Боџел. Така кученцето го добило името Лецхнерс Боџел или кратко Боџ. Потоа Флора е парена со синот Боџ, и така е родена кучката Алт’с Сцхекен, мајката на Флоцки. Флоцки бил со темно тигреста боја, со бела лента на лицето, бел нос и бели флеки по нозете.Типот на боксер е роден.
Едно друго парење меѓу Том и Алт’с Сцхекен довело до раќање на белата кучка Цх.Бланка вон Аргентор, додека од Лецхнерс Боџ и Флора излегол белиот Пиццоло вон Аргентор. Бланка и Пиццоло ја дале Мету вон дер Пассаге, мајка на расата и предок на сите современи боксери.
Боксерите значи се во сродство со булмастифот, бордошката дога и индиректно со ротфајлерот, доберманот и малите молосоидни типови Бостон териер или француски булдог. Најверојатно самата Флора,бабата на Флоцки, била ран тип на француски булдог, бидејќи е опишувана како “буллен беисер со мал раст”. Од Мету е добиен тигрестиот шампион Ролф вон Вогелсберг кој 1911год. станал камен темелник на историската одгледувачница ” Вон Дом”, на сопственикот Пхиллип и Фриедерун Стоцкман. Тие биле одгледувачи кои на светот го дале современиот боксер, и воедно “главни виновници” за неговата распространетост во светот.Пхиллип Стоцкман повикан е да учествува во 1 Светска Војна заедно со 10 свои кучиња. Така се покажала шансата да го докаже боксерот како полициско и воено куче. Работел до крајот на својот живот 1945год. како главен инспектор за одгледување на боксери. После голем број проблеми на почетокот, Германскиот боксер е признат 1895год., а во следната 1896год. организирана е првата изложба на расата. Стандардот на расата е усвоен 1900год. а конкретизиран во 1920год. а во 1924год. исклучени се од стандардот црни и потполно бели кучиња. По една година исклучени се и кучиња кај кои белината преминува 1/3 од телото.
Во Англија боксерот пристигнал 1911год. а Англискиот боксерски клуб е формиран 1936год. Се до 1942год. во Англија биле регистрирани само 9 боксери, за да во средината на 50-те години расата достигне на 5 место од најпопуларни раси во Англија, и од тогаш константно се наоѓа меѓу 10 најпопуларни раси.
Во САД боксерот пристигнува во 1915год. Анлиските и американскиет одгледувачници се базирани на крвните линии од одгледувачницата Вон Дом. Првиот боксер кој влегол во Америка е Сиегер Дампф вон Дом. Подоцна, 1930год. доаѓа и неговиот роднина, шампионот на Германија и Австрија, Сигурд вон Дом. Со 26 потомци на шампионот,Сигурд формирал права династија.
Италија, е секако, на сите позната по одгледувањето на боксерот. Имињата како што се: Томасо Боси, Марио Цонфалониери, Еугенио Лесма, Перицле Мола, се познати меѓу сите боксерџии, и сигурно се меѓу највлијателните по прашање на одгледување и пропагандата за распространување на боксерот. Клубот за боксери на Италија скоро ја прослави својата 50-та годишнина од своето постоење.
Во Холандија боксерот исто има длабоки корени. Познатата одгледувачница “Вон Хаус Германиа”, во сопственост на г-нот.Петер Зиммерман имала големо влијание во првите години на европското распространување на боксерот.